ВТОРА НАГРАДА ЗА ВАСИЛ ТОЛЕВСКИ
МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ЗА САТИРА ВО ШАБАЦ – РЕПУБЛИКА СРБИЈА
 

Нa третиот меѓународен Фестивал на хумор и сатира во Шабац (Србија), Организациониот одбор на ЧИВИЈАДА 2007 (Претседател на жирито – Петар Лазиќ)втората награда за сатиричен афоризам му ја додели на сатиричарот од Република Македонија - Васил Толевски.

Блокот афоризми е:

Во мојата земја нема масовни гробници. Освен ако не ја сметате мојата земја!
Ќе ја пријавам државата во Хаг, поради инцест. Ги сјеба сите свои!
Народот гласа на слепо, затоа што не може со очи да ги гледа.
Немојте да ме сметате во сточен фонд. Јас само така живеам!
Полицијата не ги малтретира граѓаните. Сега за тоа се задолжени политичарите!
Овие не паднаа од Марс. Вакви будали нема ниту на Марс.
Кога видов дека политиката е курва, застанав и јас во ред!


Васил Толевски втората награда ја подели со Раде Ѓерговиќ од Србија.
Ова е 32 ЧИВИЈАДА по ред и се смета за една од најрепрезентативните манифестации во Србија.
На фестивалот пристигнаа преку 2500 афоризми од 240 автори од Србија и светот.

Овогодишен лаурета за афоризам е Миљенко Жуборски од Србија.

 
 

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права